Постигна над една четвртина од головите на Палермо

Несторовски не може се сам - Парма го доби дербито во Серија Б (Видео)

Илија Несторовски го постигна 13. гол за Палермо во Серија Б, но не може се сам, па клубот од Сицилија го загуби дербито во Серија Б од Парма со 2:3 на гостински терен

објавено: 2 април 2018 - 22:27

Илија Несторовски го постигна 13. гол за Палермо во Серија Б, но не може се сам, па клубот од Сицилија го загуби дербито во Серија Б од Парма со 2:3 на гостински терен.

Домаќините имаа голема предност од 3:0 со хет-трикот на Калајо, а во 52. минута капитенот на Палермо со убав гол со глава намали, за потоа и Рајковиќ со гол во финишот да намали на 2:3. Гостите сепак немаа сили за подвиг и за освојување на еден бод.

Палермо по 33 кола има постигнато 48 погодоци, а над една четвртина се дело на Несторовски. Токму неговите погодоци се уште го држат клубот од Сицилија во битка за директен пласман во Серија А, но сега по поразот од Парма заостануваат за еден бод зад второпласираниот Фросиноне и девет зад лидерот Емполи.

 

Најново во Фудбал