СПОРЕД НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ОД СИЦИЛИЈАНСКИОТ КЛУБ

Несторовски останува во Палермо!?

Бордо, Ц. Звезда, Удинезе кое било шега... сепак се чини дека големи се шансите Илија Несторовски да остане и натаму капитен во Палермо.

објавено: 21 август 2018 - 14:59

Илија Несторовски, барем до зимскиот преоден рок, најверојатно ќе остане во Палермо. Ова беа информациите од Италија до пред неколку часови. Имено како што велат од Палермо, не е исклучено нивниот капитен и во следната сезона во Сериа Б да го носи дресот на „розевите" на Палермо.
Но сепак се остава мал простор Несторовски да направи трансфер и да ја пополни касата на клубот од Сицилија.
„Иднината на Несторовски е во Палермо, но ајде да оставиме што ќе донесе крајот на преодниот рок" се најавите од таборот на силицијанците.

БОРДО И Ц. ЗВЕЗДА КАКО ОПЦИИ

Кога сме кај Несторовски да споменеме дека во последните неколку денови неговото име се врзуваше, односно беше интересно за три клубови. Прво за Бордо, еден од најголемите клубови во Франција кој бил заинтересиран да го види Нестор во своите редови. Потоа нашите информации од Белград говореа дека и Ц. Звезда била заинтересирана да го види репрезентативецот на Македонија во својот напад за претстојните настапи во групната фаза во Лигата на Шампионите или Лигата на Европа. И се разбира низ медиумите во Италија прво излезе веста дека Удинесе го сакал без пари Нестор, па го сакал да го ангажира како позајмен играч за да сето тоа подоцна се утврди дека било шега. Дека тимот од Удине не ни имал во своите планови намера за евентуален трансфер на Илија Несторовски.
Навистина чудно.

АТАЛАНТА, ТОРИНО, СПАЛ...

Инаку цела пролет, па и на почетокот на летото, името на Илија Несторовски се врзуваше со трансфер во неколку клубови. Се разбира во преден план беа најавите за заминување во Премиер лигата, во Евертон, за да потоа секојдневно се лиферуваа вести од „добро упатени извори" дека за репрезентативецот на Македонија свој интерес пројавиле и тимови од Сериа А. И тоа пред се Аталанта, па Спал, секогаш неизбежниот Торино, се разбира Болоња. Но ништо од потпис, од договор. Се чини дека газдата на Палерммо Маурицио Зампарини бараше премногу.

 

Најново во Фудбал