Работи под посебен режим

Несторовски почна да тренира, за настап ќе почека во Новата година

Илија Несторовски се врати на терен и тренираше со соиграчите од Палермо, иако работи под посебен режим и ќе почека за настап по новогодишните празници

објавено: 23 декември 2017 - 20:57

Илија Несторовски се врати на терен и тренираше со соиграчите од Палермо, иако работи под посебен режим и ќе почека за настап по новогодишните празници.

Македонскиот репрезентативец не настапи на последните мечеви за Палермо по повредата на бутниот мускул, а сега почна со полесни тренинзи.

Клубот од Сицилија го чека уште еден меч во оваа година и тоа на 29. декември ротив Салернитана, на кој капитенот Несторовски нема да игра. Победа против клубот од Салерно му ја носи есенската титула на Палермо.

Најново во Фудбал