МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ДОБИ НОВ ДОГОВОР

Несторовски потпиша со Палермо до 2021 година!

„Ќе го вратам Палермо во Серија А“, рече капитенот на италијанскиот тим

објавено: 13 ноември 2017 - 09:30

Илија Несторовски останува верен на Палермо, откако реши да го продолжи договорот до 2021 година. Македонскиот репрезентативец е еден од најдобрите играчи во клубот, каде што ја има капитенската лента.

„Среќен сум во Палермо и мило ми е што го продолжив договорот. Ова е клубот кој ми даде шанса да играм во Серија А и чест да бидам капитен. Моја задача сега е да успеам да го вратам Палермо повторно во Серија А“, рече Несторовски по потпишувањето на договорот. 

Несторовски ја игра втората сезона во Палермо. Минатата година беше прв стрелец во тимот со 11 погодоци, но Палермо не успеа да обезбеди опстанок во Серија А. И покрај многуте понуди кои ги имаше, илија реши да остане во Палермо и сезонава како капитен да го води клубот во втората по ранг лига во Италија. 

Сезонава во 10 меча има постигнато 9 погодоци. Тој дојде во Италија, од редовите на Интер Запрешиќ, каде беше прв стрелец во хрватското првенство. 

Најново во Фудбал