И ПОКРАЈ СИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА НЕГОВО ЗАМИНУВАЊЕ

Несторовски се јави на подготовките со Палермо

Македонскиот репрезентативец со стариот клуб ги започна тренинзите за новата сезона

објавено: 12 јули 2017 - 12:54

Илија Несторовски барем засега не мрда од Палермо. Македонскиот репрезентативец денеска се појави на почетокот на подготовките за новата сезона. Името на напаѓачот се поврзуваше со повеќе клубови, но засега нема ништо од евентуален трансфер.

Несторовски имаше одлична сезона во Серија А, даде 11 погодоци и беше прв стрелец на тимот. Сепак неговите добри игри не беа доволни за Палермо да успее да се избори за опстанок во елитата и испадна во Серија Б. 

Уште по завршување на сезоната, веднаш се појавија шпекулации дека за Несторовски се интересираат неколку италијански екипи. Сепак, немаше ништо конкретно, а тоа се покажа и со денешното негово појавување на првиот тренинг на второлигашот Палермо.

Најново во Фудбал