Лоша вечер за клубот од Сицилија

Несторовски се повреди, Палермо заборави да победува

Палермо има многу проблеми на патот до кам-бек во Серија А, а вечерва остана без најдобриот играч и капитен Илија Несторовски. Патем гостите од Сицилија не успеаја да ја победат Цитадела на гостински терен, ремизираа 0:0 и останаа четири кола по ред без триумф

објавено: 17 април 2018 - 22:30

Палермо има многу проблеми на патот до кам-бек во Серија А, а вечерва остана без најдобриот играч и капитен Илија Несторовски. Патем гостите од Сицилија не успеаја да ја победат Цитадела на гостински терен, ремизираа 0:0 и останаа четири кола по ред без триумф.

Македонскиот репрезентативец Несторовски мораше да го напушти теренот по половина час игра и пак се повреди. Вториот наш репрезентативец Александар Трајковски и неговите соиграчи во продолжението на мечот не најдоа рецепт како да погодат, па сега Палермо е во незгодна ситуација на шест коола до крајот на првенството во Серија Б.

Ја загубија втората позиција која води директно во Серија А и пред нив се Емполи, кој речиси сигурно ќе игра во Калчото од следната сезона и Фросиноне со два бода повеќе од Палермо.

Најново во Фудбал