НОВ ПОРАЗ ЗА ТИМОТ ОД СИЦИЛИЈА

Несторовски стрелаше, но Палермо одново падна (ВИДЕО)

По убедливиот пораз од Емполи во минатото коло, Палермо не успеа да се врати на победничките патеки и покрај тоа што поведе на дуелот со Фоџа. Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски во 65. минута биеше прецизно од белата точка за 1:0, но потоа остана со играч помалку. Гостите го искористија тоа и за само шест минути двапати ја затресоа мрежата на Палермо за конечни 1-2. По 25. коло тимот на Несторовски и Трајковски останува на третото место на три бода зад Емполи и Фросинене. 

објавено: 12 февруари 2018 - 22:26

Најново во Фудбал