ИЛИЈА „ГРМИ“ НА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК

Несторовски: Верувам дека ќе се спасиме (Видео)

Македонецот е херојот на Палермо, кој остана непоразен на гости кај Наполи

објавено: 30 јануари 2017 - 11:04

Илија Несторовски е полн со оптимизам дека екипата на Палермо ќе се спаси од испаѓање од италијанската Серија А. Македонскиот голгетер е херојот на тимот од Сицилија. Тој е прв стрелец со осум погодоци сезонава, последниот даден синоќа на гости кај Наполи, во ремито 1:1.

Иако малкумина очекуваа дека Палермо може да се врати непоразен од Неапол, Илија, заедно со Александар Трајковски и останатите соиграчи, одиграа храбро и покажаа дека може да парираат и против оние кои се борат за највисок пласман.

Палермо освои бод, но и покрај тоа остана во зоната за испаѓање, на претпоследното место. Тимот има 11 бодови и заостанува осум поени зад Емполи, кој е последен во сигурната зона. Несторовски е полн со оптимизам и најавува останување на Палермо во Серија А. 

„Среќен сум што освоивме поен против еден силен противник како Наполи. Не му дадовме простор на противникот. се боревме на секој дел од теренот и освоивме бод. Мило ми е што дадов гол, но посреќен сум што освоивме бод. Сега треба да продолжиме вака, бидејќи има уште многу да се игра. Верувам дека може да избориме опстанок. иМа уште многу мечеви до крајот“, рече Несторовски.

Следен противник на Палермо е Кротоне, кој исто така е во опасната зона. Кротоне има само 13 бодови, што значи дека ова е шанса Палермо да освои три бода. Екипата на Несторовски е убедливо најсланата кога се работи за средбите на свој терен.

Палермо освои само еден бод во досегашните 10 меча пред своите навивачи. Несторовски се надева дека е конечно дојдено време за радост и три бода, а очекува голема помош и од публиката. 

„Очекувам на дуелот против Кротоне стадионот да биде исполнет и навивачите да ни помогнат да победиме“, заврши Несторовски.

Најново во Фудбал