Дамјан Шишковски блесна на голот на Лахти и со одбранет пенал во 84. минута го спаси од пораз на гостувањето кај Хонка во меч од второто коло во финското првенство.
Мечот заврши без голови, а ова е прв „шут-аут“ на македонскиот репрезентативец во дресот на Лахти. И втор меч е без пораз и тоа најмногу благодарение на неговата одбрана во финишот на мечот. Јунес Рахими имаше шанса со гол од белата точка да му донесе победа на домашниот тим, но Шишковски беше подобар и одбрани.
За Хонка резервен голман беше Давор Талески.