БЕЗ ПОБЕДНИК НА МАКЕДОНСКОТО ДЕРБИ ВО УНГАРИЈА

Николов не дозволи радост на Спировски (ВИДЕО)

Македонското дерби во унгарскиот шампионат, меѓу Стефан Спировски и Бобан Николов заврши без победник (2-2), истото беше „зачинето“ со погодоци на нашите репрезентативци. 

објавено: 2 септември 2018 - 20:01

Дерби за мерак, и за нас Македонците и за унгарските љубители на фудбалот. Македонската пресметка меѓу Стефан Спировски и Бобан Николов, и нивните Ференцварош и Видеотон заврши без победник 2-2. Нашите репрезентативци мечот го направија уште поинтересен, се запишаа во листата на стрелци.

Спировски погоди во 14. минута за водство на Ференцварош од 1:0. Домашните потоа преку Ловренчич во 35. минута зголемија и на 2:0, по што во финишот на првиот дел следуваше погодокот на Бобан Николов намали на 2:1 и ја врати вербата во редовите на својот тим. Во 74. минута гостите преку Хушти успеаја да израмнат на 2-2.

Ференцварош и натаму е лидер на табелата со 17 бода, додека пак Видеотон е на петото место на табелата во унгарскиот шампионат. 

Најново во Фудбал