Одлично се адаптира

Николов реди асистенции за победи на Видеотон (Видео)

Бобан Николов го одигра и вториот меч за новиот клуб Видеотон и вторпат запиша асистенција, за нов триумф на кандидатот за титулата во Унгарија

објавено: 11 март 2018 - 11:30

Бобан Николов го одигра и вториот меч за новиот клуб Видеотон и вторпат запиша асистенција, за нов триумф на кандидатот за титулата во Унгарија.

Николов беше побрз од тренерот Марко Николиќ и пред да биде заменет во финишот на мечот прекрасно му асистораше на Лоа Него за печат на победата на Видеотон. Клубот од Секешфехервар славеше со 4:1 против Диожѓер и остана на втората позиција, зад лидерот Ференцварош, за кого игра Стефан Спировски.

Николов и на претходниот меч за Видеотон, на дебито против Вашаш му асистираше на Стефан Шчеповиќ за печат на победата од 2:1.

Асистенцијата на Николов и сите голови од мечот меѓу Видеотон и ДВТК Диожѓер можете да ги погледнете овде.

Најново во Фудбал