На Сицилија се вклучи алармот

Од Нестор-гол очекуваат да биде тегот за кам-бек на Палермо во Серија А

Илија Несторовски повторно има двоцифрен ефект во голови за Палермо, а од него клубот од Сицилија очекува да биде тегот на вагата што ќе ги повлече „розевите“ кон Серија А

објавено: 14 февруари 2018 - 13:00

Илија Несторовски повторно има двоцифрен ефект во голови за Палермо, а од него клубот од Сицилија очекува да биде тегот на вагата што ќе ги повлече „розевите" кон Серија А.

Палермо има два порази по ред од Емполи и од Фоџа и падна на третата позиција, зад Емполи и Фросиноне. Само два клуба директно влегуваат во Серија А, па сега Палермо со минус 3 мора да најде чаре да биде во водечкиот двоец на крајот на шампионатот. Има да се игра уште 17 кола, а ако Палермо не успее да се пласира директно, веројатно ќе има шанса преку бараж да се врати во највисок ранг.

Нестор-гол по 25 кола има постигнато 11 голови и пак е прв стрелец во тимот, како и лани во Серија А.

Најново во Фудбал