Како вино е, што постар тоа подобар

Опасна финта на Шуми, Даничек ја круниса со прекрасен гол (Видео)

Величе Шумуликоски и на 36 години игра одличен фудбал, во Словачко е капитен, а некогашниот македонски репрезентативец имаше важна улога во вчерашната победа на својот тим од 5:2 против Острава

објавено: 13 август 2017 - 09:40

Величе Шумуликоски и на 36 години игра одличен фудбал, во Словачко е капитен, а некогашниот македонски репрезентативец имаше важна улога во вчерашната победа на својот тим од 5:2 против Острава.

Популарниот Шуми беше асистент за вториот гол на Словачко во 11. минута. Со одлична финта капитенот на Словачко се ослободи од противникот, а потоа прецизно го послужи Властимил Даничек, кој со прекрасен гол ја круниса акцијата.

Погледнете ја убавата финта на Шумуликоски и прекрасниот погодок на Даничек.

 

Најново во Фудбал