Лидс ги загуби шансите за бараж, па се готви чистка

Орта е пред отказ во Лидс, спас му е само одличниот „дил“ со Алиоски

Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта е пред отказ, а засега во релативно неуспешната сезона на клубот од Јоркшир го држат трансферите на Езџан Алиоски и на Саму Саиз

објавено: 12 април 2018 - 12:00

Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта е пред отказ, а засега во релативно неуспешната сезона на клубот од Јоркшир го држат трансферите на Езџан Алиоски и на Саму Саиз.

Алиоски пристигна во Лидс од Лугано, минатото лето и според експертите и навивачите на Лидс игра сосема солидно во првата сезона за англискиот клуб. Орта инсистираше да биде доведен македонскиот репрезентативец и тоа и ангажманот на Шпанецот Саиз му се плусеви во многуте утки што се направија со засилувањата под негова команда.

Но, шансите актуелниот спортски директор да остане во Лидс се мали и покрај полниот погодок со Алиоски и Саиз, а се најавува дека Орта ќе се пресели во Шпанија, во Депортиво Ла Коруња.

Најново во Фудбал