Ќе има шанса да бие битка за континенталната титула

Осминафинале во Лигата на шампионите за Естегал - Најденов чека деби во завршната фаза

Естегал забележа победа вредна осминафинале во азиската Лига на шампиони, а нашиот единствен интернационалец во Иран, Бојан Најденов остана на клупата за резерви во победата од 2:0 против Ал Рајан

објавено: 2 април 2018 - 20:22

Естегал забележа победа вредна осминафинале во азиската Лига на шампиони, а нашиот единствен интернационалец во Иран, Бојан Најденов остана на клупата за резерви во победата од 2:0 против Ал Рајан.

На преполниот „Азади“ во Техеран, пред повеќе од 80 илјади гледачи Естегал ја задржа импресивната серија без пораз и со два гола си обебзеди пласман во осминафиналето на најценетото клупско натпреварување на континентот. Клубот на Најденов речиси сигурно ќе заврши како првопласиран во Д групата.

Најденов беше на клупата за резерви и ќе чека нова шанса за деби во ЛШ.

Најново во Фудбал