АЛИОСКИ ЗА КЛУПСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА НА ЛИДС

Отсекогаш сонував да играм во Англија!

Лугано е минато, а Лидс сегашноста за Езџан Алиоски. Нашиот интернационалец го оствари својот сон, конечно да биде дел од англискиот фудбал.

објавено: 13 јули 2017 - 21:00

Лугано е минато, а Лидс е сегашност и иднина за Езџан Алиоски. Нашиот интернационалец го оствари својот сон, конечно да биде дел од англискиот фудбал.

Го потврди тоа Алиоски и за Телевизијата на клубот со кој потпиша четиригодишен договор.

„Среќен сум што дојдов овде. Не беше лесно да се комплетира овој трансфер, но успеавме и среќен сум. Имав многу понуди, но отсекогаш сонував да играм во Англија и затоа дојдов овде. Лидс е голем клуб, со богата традиција и бројни навивачи, чувството е фантастично да се знае дека сум дел од овој клуб. Дојдов за да оствариме добри резултати, зошто да не и да заиграме во Премиер-лигата" – беа првите зборови на Алиоски за клупската телевизија на Лидс јунајтед.

Нашиот 25 годишен фудбалер знае дека Лидс има шанси да се бори за место кое води во Премиер лигата.

„Клубот има потенцијал, има и желба да се врати во Премиер лигата. Имаше добра екипа и лани, а сега дополнително се засилува. Секој сака да влезе во елитното друштво, верувам дека со малку среќа, со новиот тренер и новите играчи, можеме да се радуваме на таков голем успех" – оптимистички делува нашето десно крило, позиција на која милува да игра.

Јас сум играч кој може да настапува на сите позици, но најдобро се чувствувам како десно крило. По потреба можам да играм и како напаѓач. Многу сакам да давам голови, Верувам дека ќе го правам тоа и за мојот нов клуб. Едвај чекам да се запознаам со соиграчите, да почнам со работа и да дојде стартот на сезоната" – потенцира новата „деветка" на Лидс.

Најново во Фудбал