Новата технологија прави хаос

Ова е смешно - ВАР направи дар-мар во Лисабон, на Спортинг му понишија и гол и пенал

Новата ВАР технологија направи дар-мар во Лисабон и со две чудни одлуки на главниот судија мечот меѓу Спортинг и Феиренсе се претвори во циркус

објавено: 11 февруари 2018 - 20:03

Новата ВАР технологија направи дар-мар во Лисабон и со две чудни одлуки на главниот судија мечот меѓу Спортинг и Феиренсе се претвори во циркус.

Најпрво на Спортинг му беше поништен гол, во многу чудна ситуација. Главниот судија не виде чист фаул од Фернандес, што се случи многу порано од погодокот на домаќините. Но, сепак ситуацијата се врати комплет назад, па беше поништен голот на „лавовите“ од Лисабон.

Во финишот на првиот дел пак имаше спорен момент и повторно судијата со помош на ВАР технологијата ги измачи сите на теренот. Прво досуди пенал, па ја гледаше снимката и го потврди ударот од белата точка, за потоа уште еднаш да провери, по што си ја поништи својата одлука.

Во тимот на Спортинг го нема нашиот Стефан Ристовски, кој го следи натпреварот од трибините.

Најново во Фудбал