Барди има нов тренер

Пако Лопез ќе го спасува Леванте

Енис Барди и соиграчите од Леванте имаат нов тренер, а денеска клубот од Валенсија го назначи Пако Лопез за нов кормилар. Тој му беше помошник на отпуштениот прв тренер на Леванте, Хуан Рамон Лопез Муњиз

објавено: 5 март 2018 - 16:30

Енис Барди и соиграчите од Леванте имаат нов тренер, а денеска клубот од Валенсија го назначи Пако Лопез за нов кормилар. Тој му беше помошник на отпуштениот прв тренер на Леванте, Хуан Рамон Лопез Муњиз.

Пако ќе го има жешкиот костен в раце во обид да го спаси клубот од испаѓање.

„Ќе барам начин да го кренам духот во тимот. Леванте има квалитетби играчи и верувам дека со добри игри и резултати ќе го потврдат тоа. Целта се знае, да се обезбеди опстанокот во Ла Лига", рече Пако Лопез.

Можеби тоа е добра промена и за нашиот репрезентативец, кој не играше во последно време кај Муњиз. Барди одлично ја почна дебитантската сезона во Шпанија, но во последно време воопшто не добиваше шанса да игра, а на последниот меч со Еспањол не беше ниту на клупата за резерви.

Најново во Фудбал