Сицилијанците се очајни пред мечот со Карпи

Палермо без пола тим против Карпи - Ѕампарини праќа молби на пет адреси, едната е за македонскиот тандем Несторовски - Трајковски

Палермо е во битка за пласман во Серија А, но има неочекувани проблеми и ќе треба да игра најмалку без шест интернационалци против Карпи на 25. март, а можеби и со Ентела на 29. март

објавено: 12 март 2018 - 21:20

Палермо е во битка за пласман во Серија А, но има неочекувани проблеми и ќе треба да игра најмалку без шест интернационалци против Карпи на 25. март, а можеби и со Ентела на 29. март.

ФИФА термините за пријателски мечеви му прават проблеми на третопласираниот тим во Серија Б, па според најавите раководството на Палермо планира да побара барем дел од играчите да бидат ослободени од обрвските кон репрезентациите и да играат против Карпи и Ентела.

Маурицио Ѕампарини ќе „пишува“ молби на пет адреси, а едната оди кај нас за македонскиот тандем Несторовски и Трајковски. Нашите напаѓачи од Палермо се на списопкот на селекторот Игор Ангеловски за пријателските дуели во Анталија против Финска на 23. март и со Азербејџан четири дена подоцна. Еднаш Ангеловски и ФФМ попуштија, а сега не е сигурно дали Нестор-гол и Алекс ќе патуваат за Анталија или ќе останат во Палермо.

Покрај нив повик за настап за своите селекции добија и Балог за младата унгарска репрезентација до 21 година, потоа и Чочев за А тимот на Бугарија, Посавец за Хрватска У-21 и Аљаж Струна за сениорскиот состав на Словенија.

Најново во Фудбал