КАПИТЕНОТ ГО ЗАПИША 83 ПОГОДОК

Пандев е жива легенда: И во 15. сезона во Серија А постигна гол (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев го постигна првиот гол во новата сезона во Серија А. 

објавено: 2 септември 2018 - 22:13

Џенова ги загуби сите шанси за победа на дуелот со Сасуоло на гостински терен, но тоа пак не го демотивираше Горан Пандев да ја затресе мрежата на противникот. Капитенот на македонската репрезентација го постигна 83 погодок во Серија А, во 70. минута го намали водството на домаќинот на 5-2. 

Пандев е вистинска легенда на ова натпреварување, и во 15-та сезона ја круниса со погодок. 

Капитенот е во одлична форма, што пак е добра вест за селекторот, Игор Ангеловски пред дуелите со Гибралтар и Ерменија во рамките на Лигата на нации. 

Најново во Фудбал