Капитенот на македонската репрезентација во почетниот состав

Пандев конечно е стартер за Џенова по 450 минути пауза

Горан Пандев е во стартниот состав на Џенова по 450 минути пауза, а ќе игра од почеток против Перуџа, вечерва од 18 часот во италијанскиот куп

објавено: 1 декември 2016 - 17:44

Горан Пандев е во стартниот состав на Џенова по 450 минути пауза, а ќе игра од почеток против Перуџа, вечерва од 18 часот во италијанскиот куп.

Последен пат популарниот Гоче беше во почетниот состав на Џенова во градското дерби со Сампдорија на 22. октомври и оттогаш минаа 5 натпревари во Серија А, без негово присуство од почеток на дуелите со Милан, Аталанта, Удинезе, Лацио и Јувентус. 

Од големото дерби на Џенова, Пандев одигра само 22 минути за својот клуб на 5 натпревари, по 11 против Аталанта и Лацио, како резерва.

Најново во Фудбал