МАКЕДОНЕЦОТ ДОБИ ДИСЦИПЛИНСКА КАЗНА

Пандев не отпатува за дуелот со Емполи

Во минатото коло, Горан одби да влезе во игра на дуелот со Болоња и тоа го налути тренерот на Џенова, Мандорлини

објавено: 5 март 2017 - 11:40

Горан Пандев воопшто не е во составот на Џенова за денешниот меч против Емполи. Капитенот на македонската репрезентација доби дисциплинска казна од тренерот Мандорлини, поради „инцидентот“ од претходното коло.

Минатата недела, Пандев одби да влезе во 90 минута на дуелот против Болоња, потег што го налути тренерот Мандорлини. Затоа Гоче денеска воопшто нема да биде во составот на Џенова, на гостувањето кај Емполи. 

„Одлуката да не го повикаме Горан за овој меч е заедничко тимско решение“, рече Мандорлини за одлуката да не игра Пандев. 

Најново во Фудбал