РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КАПИТЕН ОСТАНА НА КЛУПАТА

Пандев не заигра уште еднаш на „Џузепе Меаца"

Горан Пандев беше во тимот на Џенова, но не доби шанса да заигра против "црвено-црните" од Милано кои славеа минимален триумф од (1:0).

објавено: 18 март 2017 - 22:39

Милан ја победи Џенов со (1:0), но многу поважно од тоа е дека Горан Пандев не истрча уште еднаш на теренот на стадионот „Џезепе Меаца" во Милано.
По деведесет минути игра, „црвено-црните" г добиај ово дуел со „минималец". И тоа со голот на Матијас Фернандез во 33. минута од играта.
Фернандез одлично прими едно додавање во противничкиот шеснаесетник, и уште поефектно го лобуваше голманот Еугенио Ламана кој можеше само да гледа како топката влегува во неговиот гол.
Горан Пандев не беше во почетната формација на гостите од Џенова. И не доби шанса во второто полувреме кога гостинскиот тренер ги направи и сите три замени. На крјаот без ефект.
Па по 29. одиграни кола составот од Џенова е на 16. позиција во Серија А со 29. бода, но е во „мирната зона" далеку од оние три последни екипи на кои им се заканува преселба во понизок ранг. За Милан ова е 16. победа, доволна за 53. бода и моментално шеста позиција на табелата во италијанското Калчо.

Најново во Фудбал