ГОЧЕ НЕ ИГРАШЕ ПРОТИВ РИМСКИОТ ТИМ

Пандев остана на клупата во поразот на Џенова од Рома

„Римската волчица“ минимално со 1:0 победи на гости, а домашниот тренер не му даде шанса на македонскиот напаѓач

објавено: 8 јануари 2017 - 16:55

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев не доби шанса и остана на клупата за резерви на мечот против Рома. Неговата Џенова, пред своите навивачи загуби со 1:0 и остана на 23 бода, по 19 одиграни средби. 

Единствениот гол, кој беше доволен за триумф на „римската волчица“, всушност беше автогол на Ицо во 36 минута. Во второто полувреме, домашниот тренер шанса во нападот му даде на Бразилецот Еденилсон, кој влезе на местото на Нинковиќ, но иако со офанзивна формација, Џенова не даде гол. 

Лацио со гол во 90 минута стигна до минимален триумф од 1:0 на свој терен против Кротоне. Интер со пресврт славеше кај Удинезе со 2:1. Вечерва се играат средбите: Милан - Калјари и Јувентус -Болоња. 

Резултати: Удинезе - Интер 1:2, Киево - Аталанта 1:4, Џенова - Рома 0:1, Лацио - Кротоне 1:0, Сасуоло - Торино 0:0, Пескара - Фиорентина одложена.

Најново во Фудбал