Капитенот повторно е стрелец и пак против поранешен клуб

Пандев погодува кога најмногу и треба на Џенова (Видео)

Горан Пандев долго чекаше за гол во Џенова, а почна да погодува кога најмногу му треба на клубот. Попладневе капитенот на македонската репрезентација со гол против Интер и носи предност на Џенова од 1:0

објавено: 7 мај 2017 - 16:41

Горан Пандев долго чекаше за гол во Џенова, а почна да погодува кога најмногу му треба на клубот. Попладневе капитенот на македонската репрезентација со гол против Интер и носи предност на Џенова од 1:0. Во меч што може да значи и дефинитивен опстанок на Џенова во Серија А.

Популарниот Гоче погодува против своите поранешни клубови во дресот на Џенова. Денеска е стрелец против Интер, со кого освои и европска круна, а пред три кола беше стрелец и против Лацио.


Pandev Goal HD 1-0 Genoa VS Inter 07-05... by livefootball10

Најново во Фудбал