Според италијанските медиуми

Пандев во друштво на Роналдо, Кавани и Балотели

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев со еден од нај топ јануарските трансферите направени во последните десетина години во Италија.

објавено: 3 јануари 2017 - 13:25

Горан Пандев е неисцрпна тема во италијанските медиуми и покрај тоа што не добива голема шанса во Џенова. Името на капитенот на македонската репрезентација кој речиси целата своја кариера ја мина во Серија А се поврзува со еден од нај топ јануарските трансферите направени во последните десетина години во Италија.

Според тамошните медиуми, неговиот премин од Лацио во Интер во јануари 2010 година бил вистински потег на „нероаѕурите".

Пандев се најде во друштво на Давидс, Каладзе, Станковиќ, Роналдо, Кавани, Барзаљи, Кандрева, Балотели. Сите овие играчи кога правеле трансфери во јануари, блескале за своите нови клубови.

 

 

 

Најново во Фудбал