„СПОРТСКИ ЖУРНАЛ“ НАЈАВУВА

Партизан ќе го раскине договорот со Стефан Ашковски

Српскиот шампион Партизан ќе го раскине договорот со македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски, кој зимава се врати меѓу црно-белите по шестмесечниот заем од Нови Пазар.

објавено: 22 јануари 2016 - 12:54

Ашковски беше дел од Телеоптик, филјалата на Партизан во периодот од 2010 до 2012 година, но одигра само еден меч во црно-белиот дрес и постојано беше испраќан на заем, па играше во Доњи Срем, Напредак Крушевац, Стромгосет, Шкендија и Нови Пазар.

Ашковски имаше одлична есенска полусезона во Нови Пазар, но поради повреда и операција на сршеницата на вилицата, предвреме го заврши првиот дел од сезоната. Зимава тој се појави на прозивката на белграѓани и на тренинзите, но сѐ уште актуелниот српски шампион реши да ја прекине соработката.

Младиот крилен фудбалер беше стандарден репрезентативец во сите младински категории, а запиша три настапи и за сениорскиот тим додега Љубинко Друловиќ беше селектор. Поранешниот македонски селектор најави дека ќе го врати во Партизан, но поради неговиот кус претстој Ашковски не дочека шанса да заигра повеќе за црно-белите.

Најново во Фудбал