Игра во животна форма на Кипар

Партизан повторно го бара Мојсов

Даниел Мојсов игра во животна форма во АЕК Ларнака и повторно е интересен за многу клубови. Еден од нив е Партизан, клуб кој повторно го бара нашиот екс-репрезентативец како засилување

објавено: 17 април 2018 - 12:58

Даниел Мојсов игра во животна форма во АЕК Ларнака и повторно е интересен за многу клубови. Еден од нив е Партизан, клуб кој повторно го бара нашиот екс-репрезентативец како засилување.

Првито обид беше неуспешен, трансферот од Војводина во Партизан го спречи Ратко Бутуровиќ, а сега контактот е обновен. Мојсов има договор со АЕК до 2020 година, но вели дека нема ништо против да го засили Партизан во летниот преоден рок.

„Клупската политика на Војводина тогаш беше таква, да не се дозоволува трансфер во ривалски клубови. Постојано се говореше и потоа за интересот на Партизан да ме ангажира, но немаше конретна понуда. Ако има такво нешто секако со задоволство би играл за клуб со таква традиција“, изјави Мојсов.

Најново во Фудбал