ОДЛИЧЕН ФИНИШ НА СЕЗОНАТА

Пехарот во рацете на Илиев и Арсенал

Македонскиот голман, Дејан Илиев и Арсенал го освоија првенството за играчи родени до 23 години. 

објавено: 9 мај 2018 - 12:32

Прекрасен финиш на сезоната за македонскиот голман, Дејан Илиев, во која се врати по повредата и неколку годишната пауза. Неговиот Арсенал го освои првенството за играчи до 23 години, пред главниот конкурент Ливерпул.

Инаку како што најави самиот Илиев, веќе доби нов двегодишен договор, останува македонскиот голман да одлучи дали ќе продолжи со англискиот тим или пак ќе ја менува средината.

 

Најново во Фудбал