Македонскиот интернационалец го прекина постот

Петти гол за Јове Костовски, пораз на Левен од лидерот Роселаре

Македонскиот интернационалец во Белгија, Јове Костовски го постигна петтиот гол сезонава за Од Еверле Левен, но неговиот тим загуби со 1:2 од лидерот во Втората лига Роселаре

објавено: 11 декември 2016 - 09:15

Македонскиот интернационалец во Белгија, Јове Костовски го постигна петтиот гол сезонава за Од Еверле Левен, но неговиот тим загуби со 1:2 од лидерот во Втората лига Роселаре.

Костовски беше прецизен во 75. минута, само 480 секунди откако влезе во игра, но Левен немаше сили да освои барем еден бод. 

Поранешниот македонски репрезентативец го прекина постот без гол на 8 натпревари во Втората белгиска лига и сега е на половина пат од најдобриот голгетерски учинок за Левен. Во сезоната 2014/15 Костовски постигна 10 погодоци за клубот, за кој настапува во моментов.

Најново во Фудбал