Убава е предноста остварена со интересна тактика

Планот Б на Леванте успеа во Жирона - Барди и Моралес диригираа со одличните резервисти

Тренерот на Леванте, Хуан Рамон Лопез Муњиз имаше одлична тактика за победа во Жирона, а диригенти беа двајцата првотимци, Енис Барди и Хозе Моралес

 

објавено: 27 октомври 2017 - 08:05

Тренерот на Леванте, Хуан Рамон Лопез Муњиз имаше одлична тактика за победа во Жирона, а диригенти беа двајцата првотимци, Енис Барди и Хозе Моралес.

Сите останати што беа во стартната постава на гостите од Валенсија, обично се резерви, или воопшто и не се во поширокиот состав на Леванте. Сепак во првиот меч од кралскиот куп победена е Жирона со 2:0.

Напаѓачот Моралес одработи одлична акција во 39. минута и на Боатенг му остана само да реализира за предност од 1:0. Во вториот дел голманот Барди стапи на сцена со неговите удари од прекин. Македонскиот репрезентативец одлично изведе корнер во 61. минута, а на Дукуре му остана само да ја затресе мрежата на домаќините по вторпат за сигурна победа и помирен реванш на Леванте.

„Ова беше одлично изведен план Б. Барди диригираше со средината на теренот, Моралес ги држеше конците во нападот, а и играчите кои не играат многу се покажаа во одлично издание. Леванте доби многу, а патем и победи. Супер замисла на Муњиз и реализација на играчите“, пишуваат новинарите на „cadenaser.com“

Барди го одигра целиот меч за Леванте.

Најново во Фудбал