МАКЕДОНЕЦОТ БЕШЕ ОДЛИЧЕН И ВО ДРЕСОТ НА „НЕБЕСНО-СИНИТЕ“

ПОМИНАА 10 ГОДИНИ: Лацио не го заборава хет-трикот на „Гранде Пандев“! (ВИДЕО)

Нашиот репрезентативец во текот на својата кариера имаше славни моменти на Апенините, настапувајќи за големи врвни екипи...

објавено: 11 јануари 2019 - 18:30

Горан Пандев (35) кој моментно ги брани боите на Џенова, претходно во Италија беше дел од Специја, Анкона, Интер, Наполи, Лацио.

Кога сме веќе кај Лацио, за овој тим македонскиот фудбалер во периодот од 2004-2009 год. имаше 159 натпревари и 48 голови. Воедно со „небесно-сините" го освои трофејот во Купот на Италија.

На денешен ден, пред точно 10 години, на 11. јануари 2009 година блесна „Гранде Пандев" кој беше најзаслужен со постигнување на три гола во гостинската победа над Реџина (2:3).

Тогаш, Лацио предводен од тренерот Делио Роси, покрај Пандев, во тимот имаше играчи како Де Силвестри, Диаките, Раду, Броки, Маури, Роки, Зарате, Муслера, Коларов...

Најново во Фудбал