МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ БЛЕСКА ВО АНГЛИЈА

Порака на Aлиоски која ги воодушеви навивачите на Лидс

Полека, но сигурно Езџан станува миленик на фановите на тимот кој се надева дека може да се избори за влез во Премиерлигата

објавено: 26 ноември 2017 - 10:30

Четири гола во последните четири меча е билансот на Езџан Алиоски, во дресот на Лидс. Македонскиот репрезентативец едноставно блеска и е најдобар играч во редовите на некогашниот премиерлигаш.

Во вчерашното Јокжирско дерби против Барнсли, Алиоски најпрво асистираше за водство на Лидс, а потоа самиот погоди за победа од 2:0 на гостите. Навивачите на Лидс со стоечки овации го испратија Алиоски, кој беше заменет пред крајот на средбата, кога беше јасно дека трите бода ќе ги освојат гостите. 

По дербито против Барнск, Алиоски во соблекувалната направи „селфи“ фотографија со соиграчите Саиз, Ернандес и Екубан, а под неа напиша „Запознајте ги победниците - горд на нашата игра денеска!“  

Најново во Фудбал