БЛЕСНА ВО ПОБЕДАТА НА РАЈО ВАЉЕКАНО ПРОТИВ ЕИБАР (1-0)

Прекрасната одбрана на Димитриевски меѓу најдобрите во Примера! (ВИДЕО)

Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за само втората победа на Рајо оваа сезона во Примера на домашен терен против составот на Еибар.

објавено: 5 декември 2018 - 18:30

Претходно објавивме дека нашиот чувар на мрежата се најде во идеалниот тим од 11 фудбалери на 14. коло во најсилната шпанска фудбалска лига. Повеќе можете да прочитате ТУКА

Придонесе во клучните три бода на својот клуб со неколку убави одбрани, а една од нив се најде меѓу најдобрите пет на колото во „Ла Лига".

Интервенцијата на Димитриевски е сместена на петтата позиција, пред него се Норберто Нето (Валенсија), Сержио Асењо (Виљареал), Пау Лопез (Реал Бетис) и Горка Ираизоз (Жирона).

ВИДЕОТО СО НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ОДБРАНИ НА КОЛОТО ВО ШПАНСКАТА ПРИМЕРА ТУКА

Најново во Фудбал