Убедлив триумф на тимот од Сицилија

ПРЕСВРТ НА ПАЛЕРМО: Погоди и Несторовски (Видео)

Од 0-1, тимот од Сицилија стигна до убедлив триумф (4-1) против Асколи, кој го потврди нашиот репрезентативен голгетер со гол во 83 минута од играта...

објавено: 27 февруари 2018 - 22:27

Палермо и Илија  Несторовски стигнаа до уште еден триумф во Серија Б.

Вечерва беа подобри од екипата на Асколи, славеа со голем пресврт во играта и во резултатот.

Поточно, од 0-1, тимот од Сицилија стигна до убедлив триумф (4-1) кој го потврди нашиот репрезентативен голгетер.
Илија Несторовски стави печат на одличната игра на Палермо во второто полувреме од дуелот со Асколи.
Македонскиот „бомбардер" погоди во 83 минута од играта, на семафорот постави (4:1) во корист на неговата екипа која го анулира почетното водство на Асколи. Втор гол за него во февруари, по оној против Фоџа.

Ова беше 12. победа за Палермо во 28 мечеви (11 нерешени и 5 порази) од Серија Б, доволни за 47. бода, и трета позиција на табелата. Три бода помалку зад Фросиноне и четири зад лидерот Емполи, кој неочекувано играше само (1:1) во дуелот со Авелино.

 

 

Најново во Фудбал