ПРВ ГОЛ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР ВО НОВАТА СЕЗОНА

ПРОДОЛЖИ ОНАМУ КАДЕ ШТО ЗАСТАНА: Тричковски пак ги „тресе“ мрежите во Кипар

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски го постигна првиот гол во новата сезона во кипарскиот шампионат. Во убедливата победа на АЕК Ларнака на гостувањето кај Ермис (4-0) беше стрелец на третиот погодок. 

објавено: 11 септември 2017 - 19:55

Ништо ново во Кипар. Иван Тричковски продолжи онаму каде што застана минатата сезона, во вториот меч го постигна првиот погодок во дресот на АЕК Ларнака. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на третиот гол во убедливата победа на гостувањето кај Ермис од 4-0.

Тричковски својот погодок го реализираше во 33. минута и најавувајќи ја втората победа во новата сезона во кипарскиот шампионат. АЕК Ларнака е на втората позиција со максимални шест бода, зад Анартозис кој има еден меч повеќе.

За постетување Тричковски минатата година беше вистинка закана за противничките голмани, тој одигра 26 натпревари и постигна 14 гола.

 

 

Најново во Фудбал