Направи сефте во англискиот клуб

Прв фудбалски час за Алиоски во Лидс

Езџан Алиоски одигра точно еден час премиерен во дресот на Лидс против Борусија Менхегладбах, денеска попладне. Мечот се играше во Австрија и заврши нерешено, 1:1

објавено: 20 јули 2017 - 16:25

Езџан Алиоски одигра точно еден час премиерен во дресот на Лидс против Борусија Менхегладбах, денеска попладне. Мечот се играше во Австрија и заврши нерешено, 1:1.

Алиоски имаше солиден настап, неколкупати одлично ги проигра соиграчите, создавајќи им простор или шанса за гол, но Лидс успеа да ја погоди мрежата само на почетокот во втората минута. Потоа, Борусија израмни исто така во втората минута, но од второто полувреме.

Алиоски играше до 60. минута, кога беше заменет. Тој потпиша договор со Лидс до 2020 година, а не беше објавена висината на трансферот од Лугано во членот на англискит Чемпионшип.

Најново во Фудбал