Им носи среќа

Прв старт за Бабунски и прва победа за Јокохама

Давид Бабунски за првпат беше стартер сеознава за Јокохама маринос, а им донесе среќа на своите соиграчи и клубот, кој ја забележа првата победа во четвртиот меч во јапонското првенство

објавено: 18 март 2018 - 11:29

Давид Бабунски за првпат беше стартер сеознава за Јокохама маринос, а им донесе среќа на своите соиграчи и клубот, кој ја забележа првата победа во четвртиот меч во јапонското првенство.

Поранешниот соиграч на Бабунски, Уго Виера беше стрелец на победничкиот гол за Маринос против Урава на гостински терен. 

Нашиот репрезентативец играше до 77. минута, а погодокот за триумф беше постигнат седум минути подоцна.

Најново во Фудбал