Не е лошо за почеток

Прва сезона, трет стрелец - Алиоски е меѓу најдобрите во Лидс

Езџан Алиоски е трет стрелец во составот на Лидс со 6 погодоци во досегашните 33 кола во Чемпионшип во Англија, што е солиден ефект за дебитантската сезона на македонскиот репрезентативец во клубот од Јоркшир

објавено: 23 февруари 2018 - 11:30

Езџан Алиоски е трет стрелец во составот на Лидс со 6 погодоци во досегашните 33 кола во Чемпионшип во Англија, што е солиден ефект за дебитантската сезона на македонскиот репрезентативец во клубот од Јоркшир.

Последниот погодок Алиоски го постигна против Дерби, еден од конкурентите на Лидс за настап во баражот за пласман во Премиерлигата. 

Популарниот Џани е трет клупски стрелец зад Ласога со 10 гола и Руфи, кој досега постигна 9 погодоци. До крајот на натпреварувањето во втората по ранг англиска лига има уште 13 кола, а Алиоски тешко ќе го достигне сопствениот рекорд со 16 погодоци во една сезона. Лани за Лугано македонскиот репрезентативец даде 16 голови и веднаш потоа направи трансфер во Лидс.

Најново во Фудбал