ДЕБИ ГОЛ НА НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО ФИНСКА

ПРВЕНЕЦ: Ивановски погоди за Рованиеми

Македонскиот напаѓач ja затресе мрежата на Кеми

објавено: 22 април 2018 - 17:16

Рованиеми го запиша четвртиот триумф во четвртото коло на новото финско првенство. На домашен терен го совлада тимот на Кеми со 3:0, а стрелец на еден од головите беше Филип Ивановски.

Поранешниот напаѓач на Вардар, Работнички и Јавор ја погоди мрежата на гостите во 39 минута за водство од 2:0. Инаку тоа е втор меч а Ивановски во дресот на Рованиеми.

Најново во Фудбал