Младинскиот репрезентативец асистираше за два гола

Публиката скандира „Ајде Амане...“, Алекса испорачува со гром центаршутеви (Видео)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ има гром центаршут, а тоа го потврди и вчера со два асистенции на мечот меѓу неговиот Јавор и Чукарички

објавено: 19 март 2018 - 18:35

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ има гром центаршут, а тоа го потврди и вчера со два асистенции на мечот меѓу неговиот Јавор и Чукарички.
Првите два гола во ремито 3:3 се во директна режија на 21-годишниот одбранбен играч, роден во Белград, а одличните нафрлени топки ги искористија Каришик и Мркаиќ за голови.
Публиката во Ивањица веќе одлично го познава Амановиќ, кој пристигна во Јавор во зимскиот преоден рок во 2016 година и како по команда скандираше „Ајде Амане". И веднаш имаше пртекрасни центарушутеви кои се половина гол. Полесната работа им остана на Каришик и Мркаиќ да ја сместат топката во мрежата.


Амановиќ веднаш по мечот отпатува за Скопје на последните подготовки пред квалифрикацискиот меч меѓу Македонија и Русија за играчи до 21 година. Тој дуел ќе се игрта на 23. март на комплексот на ФФМ, а 4 дена подоцна Амановиќ и соиграчите ќе и бодат гости на Австрија.

Најново во Фудбал