Реномирани клубови се заинтересирани за македонскиот бек

Риека бара 2,5 милиони евра за Ристовски, Андерлехт е подготвен да плати, а во трка се вклучи и Лацио

Риека бара 2,5 милиони евра како отштета за да му дозволи на Стефан Ристовски да ја смени средината во зимскиот преоден рок, а кај есенскиот шампион на Хрватска засега конкретна понуда има само до белгиски Андерлехт. Сепак интерес за десниот бек на македонската репрезентација има и од други клубови, а последен во трката се вклучи Лацио

објавено: 20 декември 2016 - 17:38

Риека бара 2,5 милиони евра како отштета за да му дозволи на Стефан Ристовски да ја смени средината во зимскиот преоден рок, а кај есенскиот шампион на Хрватска засега конкретна понуда има само до белгиски Андерлехт. Сепак интерес за десниот бек на македонската репрезентација има и од други клубови, а последен во трката се вклучи Лацио.

Според “Кориере дело Спорт“, лацијалите се заинтересирани за да го нагажираат 24-годишниот фудбалер, кој имаше извонредна есен во Риека. Претходно, италијанските медиуми објавија дека и Сампдорија сака да го приклучи Ристовски во своите редови, а како што објавивме во ноември, скаути на Атлетико Мадрид го следеа неговиот настап во Гранада, на мечот меѓу Шпанија и Македонија.

Ристовски игра како позајмен фудбалер од Специја во Риека, а сопственичката структура на двата е клуба е иста, бидејќи Габриеле Волпи е „газда“ и во Специја и во Риека. Од него зависи дали Стефан веќе во зимскиот преоден рок ќе ја напушти „Рујевица“, а шансите за трансфер се големи поради интересот на големи европски екипи.

Најново во Фудбал