Помогна во тешката победа на „лавовите“ од Лисабон

Ристовски асистираше, Акуња погоди, Спортинг едвај победи (Видео)

Стефан Ристовски имаше значаен придонес во победата на Спортинг против Белененсес и запиша асистенција за третиот гол на гостите, кои славеа со 4:3

објавено: 16 април 2018 - 08:00

Стефан Ристовски имаше значаен придонес во победата на Спортинг против Белененсес и запиша асистенција за третиот гол на гостите, кои славеа со 4:3.

Во меч со многу пресврти Белененсес поведе со 1:0, потоа се разиграа гостите и во првиот дел постигнаа три гола за комплетен пресврт. За третиот на Акуња асистираше Ристовски, но потоа повторно имаше драма.

Белененсес израмни на 3:3, а спас за Спортинг стаса во 80. минута со голот од пенал на Фернандес. Ристовски го одигра целиот меч и во последно време се почесто е член на првата постава на третопласираната екипа во Португалија.

 

Најново во Фудбал