ХРВАТСКИОТ ПРВАК СИГУРЕН ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Ристовски асистираше во победата на Риека во ЛШ

Победа од 2:0 е добар резултат за Хрватите, пред реваншот во Велс

објавено: 11 јули 2017 - 22:39

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Зута беа во стартниот тим на Риека, во дуелот против ТНС, во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Риека победи со 2:0 и се стекна со добра предност, во пресрет на реваншот на гостински терен.

Ристовски беше еден од најдобрите на теренот и асистираше при вториот погодок на Матеи. Жута на теренот беше до 63 минута, кога беше заменет. 

Во останатите денешни средби од квалификациите за ЛШ, Партизан со 2:0 го победи Будуќност во Белград, Салцбург без проблеми со 3:0 победи на гости кај Хибернијанс од Малта, додека Карабах со убедливи 5:0 беше подобар од Самтредија. 

Најново во Фудбал