Драма, пенали и финале за нашиот репрезентативец

Ристовски е магнет за титули, Спортинг ќе бие битка за пехарот во купот на Португалија (Видео)

Стефан Ристовски ќе има шанса за континуитет со освојување на титули, по победата против Порто во драматичен реванш меч од полуфиналето на португалскиот куп. Спортинг со перфектно изведување на пенали го елиминира големиот ривал и ќе игра за пехарот против Авеш на 20. мај

објавено: 19 април 2018 - 11:30

Стефан Ристовски ќе има шанса за континуитет со освојување на титули, по победата против Порто во драматичен реванш меч од полуфиналето на португалскиот куп. Спортинг со перфектно изведување на пенали го елиминира големиот ривал и ќе игра за пехарот против Авеш на 20. мај.

Себастијан Коатес со гол во 86. минута му донесе победа на својот тим во реваншот, идентична на таа на Порто од првиот меч, па се играше дополнително време. Во двете полувремиња од по 15 минути немаше голови, па се мина на пенал-серија. Играчите на Спортинг ги погодија сите удари од белата точка, Марчано промаши за Порто на стартот, доволно за финале за Ристовски и соиграчите.

Нашиот репрезентативец пристигна во Спортинг со двојна круна од Риека и тоа прва во историјата на клубот.

Мечот за титула ќе се игра на националниот стадион во Оеирас.

 

Најново во Фудбал