Риека сонува двојка круна

Ристовски и Жута ги „прескокнаа“ Ејупи и Петровиќ во хрватскиот куп

Во реваншот од полуфиналето на хрватскиот куп, Риека го победи Осиек со 2:0. Интересно е што на овој меч настапија четворицата Македонци, но, на крајот се радуваа Жута и Ристовски

објавено: 15 март 2017 - 18:55

Екипата на Риека успеа да се пласира во финалето од хрватскиот Куп, откако и во реванш средбата го совлада Осиек со 2:0, односно вкупни 5:1 ако се смета и првата средба.

На овој меч на теренот истрчаа четворицата Македонци. Улогата на домаќини ја имаа Музафер Ејупи и Милован Петровиќ, додека, пак, Стефан Ристовски и Леонард Жута настапуваа за гостинскиот тим.

Победникот на овој меч беше решен во второто полувреме откако со автоголот на Скориќ Риека поведе, додека вториот гол беше дело на Андријашевиќ.

Во финалето на ова натпреварување, Риека за противник ќе го има големиот ривал Динамо Загреб кој е и актуелен освојувач на титулата.

Најново во Фудбал