Спортинг Лисабон има одлична предност од 2:0 против Плзен по првиот осминафинален меч од Европа Лигата, а по долг период цел меч за лисабонските „лавови" одигра македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
За него беше загарантирана позицијата десен бек на првиот дуел со Чесите и Ристовски беспрекорно си ја заврши работата, а Спортинг ја оствари целта и победи без примен гол.
Изненадување приреди Динамо Киев со реми, 2:2 во Рим против Лацио, а доминацијата на домашните екипи во вториот блок први осминафинални дуели ја потврдија Марсеј со победа од 3:1 против Атлетик Билбао и Лајпциг со триумф од 2:1 со Зенит.
Реваншите ќе се играат на 15. март.