ПО ПОТПИШУВАЊЕТО ВО СПОРТИНГ ЛИСАБОН

Ристовски сега вреди 45 милиони евра!

Хрватскиот првак Риека заработи три милиони евра од трансферот на македонскиот репрезентативец, а неговата цена сега е 15 пати поголема

објавено: 8 август 2017 - 08:35

Стефан Ристовски веќе го носи дресот на португалскиот гигант Спортинг Лисабон. Деснито бек на репрезентацијата на Македонија потпиша повеќегодишен договор, а дојде од редовите на хрватскиот првак Риека. Од трансферот на Ристовски, риека ќе заработи три милиони евра.

Самиот играч е задоволен од трансферот, верувајќи дека токму Спортинг е клуб во кој ќе може да напредува во кариерата. Откупната клаузула во новиот клуб ќе му биде дури 45 милиони евра.

„Многу сум среќен, бидејќи ова е остварување на мојот сон. Едвај чекам да го одиграм првиот меч. Секогаш сум сакал да играм за голем клуб, како што е Спортинг. Го следам португалскиот фудбал, кој е еден од најквалитетните во Европа. Ќе дадам се од себе на теренот. Задоволство ќе му биде што ќе работам со тренер како што е Жорге Жезус.“, рече Ристовски на промоцијата во новиот клуб. 

 

 

 

Најново во Фудбал