ПОРТУГАЛЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ

Ристовски со солидно деби за Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски првпат беше стартер за неговиот нов тим Спортинг Лисабон во дуелот од Лига купот на Португалија против Маритимо, кој заврши без голови

објавено: 19 септември 2017 - 23:09

Првите впечатоци на фановите на Спортинг беа задоволувачки, а Мигуел Пратеш, ТВ-коментаторот на протугалската „Спорт ТВ“ ја направи неизбежната компарација и го спореди Ристовски со Александар Македонски. Ристовски ги одигра сите 90 минути во дуелот

Португалскиот Лига куп се игра во групи, а тимот на Спортинг покрај Маритимо за противници ги има и Белененсеш и Униао де Мадеира. 

Најново во Фудбал