Не доби шанса да дебитира

Ристовски за првпат на клупа, Спортинг реди само победи

Стефан Ристовски за првпат беше во фудбалскиот погон на Спортинг Лисабон, но остана на клупата и не доби шанса да дебитира за лидерот на португалското првенство против Есторил

објавено: 27 август 2017 - 21:02

Стефан Ристовски за првпат беше во фудбалскиот погон на Спортинг Лисабон, но остана на клупата и не доби шанса да дебитира за лидерот на португалското првенство против Есторил.

Македонскиот репрезентативец летово прејде од Риека во редовите на Спортинг, но тренерот Жезус најави дека постепено ќе му дава шанса на Ристовски. вечерва Спортинг го победи Есторил, а Стефан за првпат беше на клупата. Спортинг има 4 победи и максимален ефект од 12 бода со гол-разлика од 10:1.

Најново во Фудбал